Агенцијата за енергетика на РМ ќе ја подига свеста кај македонските граѓани за поефикасно користење на енергијата, бидејќи енергетската ефикасност не е штедење, туку рационално искористување на енергијата. За таа цел се отврара првиот Инфо центар за енергетика во земјава, а тој ќе врши масовна едукација на грѓаните, особено на младата популација. Според Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ, младото поколение е носител на идните активности во оваа област. Со овој центар ќе се овозможи континуирано информирање за неопходните потреби од воведување на мерки за зголемување на енергетската ефикасност во јавниот, приватниот и стопанскиот сектор-потенира Гечевски. Тој објаснува дека оваа идеја е реализирана со помош на италијанското Министерство за животна средина, земја и море. Со ова Министерство исто така се реализира и Проектот за формирање на дата-база за ветерна енергија во земјава.
Агенцијата за енергетика на РМ ќе ја подига свеста кај македонските граѓани за поефикасно користење на енергијата, бидејќи енергетската ефикасност не е штедење, туку рационално искористување на енергијата.
За таа цел се отврара првиот Инфо центар за енергетика во земјава, а тој ќе врши масовна едукација на грѓаните, особено на младата популација. Според Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ, младото поколение е носител на идните активности во оваа област.
-Со овој центар ќе се овозможи континуирано информирање за неопходните потреби од воведување на мерки за зголемување на енергетската ефикасност во јавниот, приватниот и стопанскиот сектор-потенира Гечевски. Тој објаснува дека оваа идеја е реализирана со помош на италијанското Министерство за животна средина, земја и море. Со ова Министерство исто така се реализира и Проектот за формирање на дата-база за ветерна енергија во земјава.
Агенцијата за енергетика го одбележа своето петгодишно постоење, а Гечевски потенцираше дека дел од нејзините обврски кои се произлезени од Законот за енергетика на РМ е и издавањето на решенија за повластени производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија и високоефикасни постројки. Дел од обврските на Агенцијата се и издавање на гаранции за потеклото на произведената енергија од обновливи извори, како и воведување на регистер на постојки за повластени производители и квалификувани потрошувачи.